•   +389 2 3099 500

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ почнува нова кампања со цел да ја подигнеме свеста кај жените за ризикот од појава на карцином на дојка, да ги информираме за новите и современи методи на снимање кои овозможуваат рана дијагноза. Нашето мото е: „Ако не одите на доктор, ако не правите самопреглед, ако немате направено мамографија и ултразвук, го одложувате раното дијагностицирање на карцином на дојка“.

На нашата веб страна „Дојки“ можете да најдете многу информации поврзани со заболувањата на дојката, дијагнозите и начините на лекување, како и одговори за сите прашања кои ги имате. Исто така, содржи сведоштва на пациенти кои се лекувале од карцином на дојка. Денес подигањето на свеста кај жените е позитивен начин за успешно лекување на речиси секоја болест. Ние веруваме дека оваа веб страна ќе ви биде важен водич и ќе ви ги даде потребните информации. Се надеваме дека мотото „раната дијагноза спасува животи“ ќе го примените во вашиот живот.