Сега сум оптимист за животот
Мојата борба со карциномот на дојка започна на 25 април 2010 година. Кога забележав дека грутката, која што мислев дека е резултат на месечни промени на моето тело, сè уште е присутна, веднаш му се јавив на мојот гинеколог. Кога ме прегледа пред 4 месеци, сметаше дека нема потреба од ултразвук на дојки. По направениот ултразвук и мамографија, беа дијагностицирани фиброцистични маси во двете дојки и требаше хируршки да се отстранат. Веднаш почнав да барам квалификуван хирург и на крај одлучив мојата операција да ја направам во „Аџибадем Систина“. Напјрво, ми направија биопсија на двете маси и примероците беа испратени до патологија. Кога ми се јави докторот за резултатите, му реков на мојот сопруг „имам претчувстводека резултатите не се добри“. Иако тој не се согласи со мене, инстинктот не ме излажа, мојот доктор ми кажа со обични и едноставни зборови дека имам карцином на дојка. Следниот ден, имав втората интервенција, каде што ми отстранија маса од 2,9 см и испитуваа дали карциномот почнал да се шири во лимфните јазли. Како резултат на ова, тие ги отстранија само сентинелните лимфни јазли.
Прочитај повеќе