fbpx
  •   +389 2 3099 500

Мамографија

Што е мамографија?

Мамографијата, која се спроведува со користење на мало количество рендгенски зраци, е најосновен метод кој се користи за снимање на дојка. Од сите методи на снимање и дијагностицирање, мамографијата најрано може да го открие присуството на карцином на дојка. Мамографијата може да се објасни како еден вид рендгенски уред кој ја снима дојката. Целта на мамографскиот преглед е откривање на карцином  на дојка во најран стадиум бидејќи колку порано се открие заболувањето толку е поуспешно лекувањето. Покрај добро познатиот стандарден метод на мамографија, денес постојат нови различни мамографски технологии, вклучувајќи и дигитална мамографија. Од сите мамографии, најшироко се применува дигиталната мамографија.

Како се применува?

За да се добие мамографска снимка, дојките треба да се скенираат меѓу детекторот за снимка и плочата за компресија. При рутинска мамографија дојките се снимаат на две снимки од две насоки - предна и странична. Доколку станува збор за сомнителен наод, се снимаат дополнителни слики за да се добие подобар преглед на областа и за подетално да се дијагностицира.

Причини за компресија:

  • да се спречи движењето на дојките и да се добијат квалитетни снимки,
  • да се намали дебелината на дојката за да има помало зрачење,
  • да се спречат можните дијагностички грешки со разделување на преклопното градното ткиво

На што треба да се внимава пред мамографијата?

Со мамографија компресијата се применува за да се добие одличен квалитет на снимката. Во овој случај, пациентот не чувствува болка, меѓутоа чувствува мал притисок. Доколку има општа болка во дојките, обично прегледот се презакажува за втората недела од менструацијата - недела по престанок на крвавење, што ја намалува непријатноста. Пред процедурата не смее да се користи пудра, дезодоранс или крема во пределот на дојките и пазувите. Овие супстанции може да доведат до сомнителни слики и да предизвикаат неточна дијагноза.

Дигитална мамографија

Што е дигитална мамографија?

Дигитална мамографија е метод што за кратко време стана многу важен и неопходен. Разликата со вообичаената мамографија е фактот што снимката се добива со помош на детектор во дигиталното опкружување, исто како со дигитален фотоапарат. Оваа снимка се чита од страна на радиолози за дојка на посебни екрани за мамографија, кои може да прикажуваат снимки и истите може да се отпечатат.

Кои се предностите на дигиталната мамографија?

  • Ја намалува количината на зрачење: Најголемата предност на дигиталната мамографија е фактот што количината на зрачење е околу 30% пониска во споредба со вообичаената мамографија.
  • Калцификациски фокуси: Резултат од рендгенските снимки на калциум депозити. Дигиталната мамографија овозможува неоспоредна предност за откривање на микрокалцификации, кои се доказ за најран стадиум на карцином на дојка.
  • Со оглед на фактот што снимките може да се следат на екран, нема потреба од дополнителни снимања. На овој начин пациентот е заштитен од дополнителна изложеност на зрачење.
  • Со секое снимање може да се добијат стандардни снимки со ист квалитет.
  • Во споредба со вообичаената мамографија, квалитетни снимки може да се добијат со помало притискање на дојките.
  • Снимките може да се архивираат.
  • Снимките се испраќаат до повеќе центри со цел експертите да ги разгледаат.
  • Се овозможува откривање на сомнителните области: се користи програмата CAD (Откривање со помош на компјутер). CAD, или „Трето око“, ги означува сомнителните области на снимките и на радиолозите им овозможува повторен преглед на овие делови. На овој начин, на време се забележуваат помалку видливите знаци на карцином.

За кого се препорачува дигиталната мамографија?

  • Жените кои се помлади од 50 години, сè уште не се во менопауза или менопаузата само што почнала.
  • Жените кои имаат густа структура на дојка (т.е. богата со ткиво што произведува млеко) бидејќи во споредба со вообичаената мамографија, ја олеснува евалуацијата на дојката и обезбедува поуспешни резултати во откривањето на карцином на дојка.
  • Жените кај кои е потешко да се направи преглед поради операција на дојките или поради протеза на дојка.

Дигитална мамографија - томосинтеза

Што е томосинтеза?

Томосинтезата, што може да се опише како тродимензионална форма на мамографијата, е најновиот и најважен уред на дигиталната технологија. Во суштина, томосинтезата, исто така, е дигитален мамографски уред. Самиот уред е доста сличен со мамографијата по начинот на снимање.

Како се применува?

Рендгенската цевка се движи лево и десно за време на снимањето со томосинтеза. Со многу мала доза на зрачење се добиваат сериски слики од делови на дојка со дебелина од 1 мм. Вкупната количина на зрачење при оваа постапка е еднаква на онаа на вообичаената мамографија.

Кои се предностите на томосинтезата?

Томосинтезата има доста важни предности што ги елиминираат грешките кои често се среќаваат при мамографија.

Ја намалува можноста за неточно одбележување за густото ткиво во дојките: градното ткиво, кое се состои од масти, потпорно ткиво и ткиво кое произведува млеко, може да го сокрие канцерогеното ткиво. Односот на овие ткива се разликува кај секоја жена. Доколку потпорното ткиво и ткивото кое произведува млеко се прекубројни, малите канцерогени маси можат лесно да се скријат зад овие ткива. Спротивно на ова, понекогаш различни ткива на дојките може да се наоѓаат едни над други, со што личат на канцерогени ткива и може да предизвикаат сомнителен наод. Во такви случаи потребни се дополнителни снимања, па дури и непотребни биопсии.

Неточното одбележување се намалува благодарение на серискиот преглед на дојката: Прегледот со томосинтеза не е ограничен само на еден статичен преглед туку со него се прават сериски снимки на дојките. На овој начин, ткивата не се едни над други, така што можноста на неточна дијагноза е сведена на минимум. Канцерогеното ткиво се гледа појасно, со што лесно може да се открие присуство на карцином.

Се избегнуваат непотребните снимања: Со томосинтезата се намалува потребата за повторна мамографија и биопсии, кои може да се потребни поради погрешни снимања на други мамографски снимки.

Овозможува удобност: Непријатниот дел од мамографијата за жените е чувство на непријатност или болка, што произлегуваат од компресија на дојката. Со томосинтезата, дојката е помалку компресирана.

Со многу мала доза на зрачење се добиваат сериски слики од делови на дојка со дебелина од 1 мм. Овие сериски слики ја намалуваат можноста од погрешното одбележување и овозможуваат појасен преглед на канцерогеното ткиво. За разлика од вообичаената мамографија, жените не чувствуваат непријатност или болка за време на снимањето бидејќи дојката не е компресирана.

Точно или неточно: Мамографијата е болна процедура и може да ги оштети дојките. За време на мамографското снимање дојката се притиска.

Иако чувството е непријатно, не се оштетува дојката и обично пациентите не чувствуваат болка. Доколку снимањето се прави во перидот по менструацијата, кога дојката е помалку чувствителна, оваа непријатност е уште помала.