fbpx
  •   +389 2 3099 500

Бенигни промени во дојките

Секреција од брадавица

Млечен или зелен исцедок од двете дојки како последица на масажа или стегање на дојките е честа појава во нормални услови. При стискање на цистични дојки може да се јави сиво-зелен исцедок. Овие млечни или зелени исцедоци од едната или од двете дојки се сметаат за бенигни. Во овие случаи, доколку вашите наоди се нормални, во зависност на возраста на пациентот (под 35-40 години) потребен е само ултразвук и доколку резултатите се нормални, пациентот се советува да не ја истиснува течноста од дојките со цел да не предизвика повторно празнење.

Доколку забележите крвав или безбоен исцедок од едната или двете дојки задолжително треба да се консултирате со лекар. Ако пациентката има повеќе од 35 години, освен ехо на дојка треба да направи и мамографија. Резултатите од мамографија и ехо на дојки може да имаат нормални резултати. Доколу има потреба, следно што треба да се направи е МР или дуктографија. Во поново време, појавата на сомнителна лезија се испитува со помош на тенок осветлен уред, кој е потенок од 1 мм (дуктоскоп), кој се вметнува во каналот преку брадавицата од којашто се излева исцедокот. Две третини од овие секреции се должат на интрадуктални папиломи кои се бенигни, но го зголемуваат ризикот за појава на карцином на дојка, додека во 9 од 20 случаи станува збор за карцином.