fbpx
  •   +389 2 3099 500

Биолошка терапија

Што е биолошка терапија?

И хемотерапијата и хормонската терапија имаат влијание врз целото тело и имаат системски ефекти. Кај биолошките терапии, канцерогеното ткиво се напаѓа директно со помош на лекови насочени кон туморот со цел да се уништи туморот и да се минимизираат системските ефекти.

За кого е наменета?

Биолошките терапии имаат многу различни методи. На прво место меѓу нив, најприфатениот третман во светот за пациенти со карцином на дојката кои имаат високо ниво на протеинот c-erbB2 (HER 2 neu) дава антитело кое го потиснува овој хормон. Околу една четвртина од туморите на пациентите содржат c-erbB2 протеин. Лекови кои содржат активна состојка на трастузумаб им се препорачуваат на пациенти со прекумерно присуство в-erbB2 генот. Трастузумаб може да се зема и со некои цитостатици или комбинирано со хормонска терапија или самостојно. Може да се користи по операцијата кај пациенти кои се во рана фаза на карцином, односно пред операцијата кај пациенти кај кои болеста е во напредна фаза. 

Колку долго се применува?

Се применува интравенозно, континуирано кај пациенти во напредната фаза на болеста, со карцином кој метастазира, додека кај пациенти во рана фаза на болеста на секои 3 недели по операцијата или еднаш неделно во период од 1 година.

Кои се несаканите ефекти?

Најважните несакани ефекти се срцеви проблеми.

Точно или неточно:  Третманот со зрачење ја гори и оштетува кожата на дојката.

Третманот со зрачење кај случаите со карцином на дојка може да предизвика црвенило кое наликува на она од изгореница од сонце. Истото избледнува по третманот.